Кралицата Камила проговори за Кејт Мидлтон

од Симе Стоиков

Британската кралица Камила го посети британскиот град Шрусбери каде од граѓаните доби подароци за принцезата од Велс Кејт Мидлтон и порача дека принцезата ќе биде воодушевена од поддршката на граѓаните.

“Ќе и го испратам ова на Кејт. Таа ќе биде воодушевена”, рекла Камила, според Sky News.

Принцезата од Велс минатата недела објави дека и бил дијагностициран рак додека била подложена на голема операција на стомакот во клиника во Лондон на почетокот на оваа година.

Таа истакна дека секој ден е се посилна и се фокусира на работи кои ќе и помогнат да заздрави, барајќи приватност за да му дозволи на нејзиното семејство да се справи со нејзината состојба.

Слични содржини