Кремљ го отфрли мировниот план на Зеленски: „Мора да се земе предвид моменталната реалност“

од Stefanija Kuzmanovska

Кремљ денеска го отфрли мировниот план од 10 точки на украинскиот претседател Владимир Зеленски и најави дека предлозите за прекин на конфликтот во Украина мора да ја земат предвид, како што е наведено, моменталната реалност, вклучително и онаа поврзана со пристапувањето на четири украински региони кон Русија.

„Не може да има мировен план за Украина кој нема да ја земе предвид денешната реалност во однос на руската територија, со влегувањето на четири региони во Русија. Плановите што не ја земаат предвид оваа реалност не можат да бидат прифатени“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува „Интерфакс“.

По референдумите одржани во септември во четирите украински региони Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје, Русија ги прогласи за дел од својата територија, а одржувањето на овие референдуми и анексијата на регионите беа осудени од Украина и западните земји.

Слични содржини