Кремљ: Несоодветно е да се споредуваат предлозите за мир на Си и Лукашенко

од Stefanija Kuzmanovska

Несоодветно е да се споредуваат два предлога за мирно решение на конфликтот во Украина, предложени од кинескиот претседател Си Џинпинг и белорускиот претседател Александар Лукашенко, објави денеска портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.

„Самиот претседател на Русија зборуваше за тоа дека лично го разгледа планот, неговите посебни одредби, но сметаме дека не е соодветно да се споредуваат тие две идеи. Мислам на онаа што ја предложи кинескиот претседател Си Џинпинг и онаа на белорускиот претседателот Александар Лукашенко“, нагласи тој, одговарајќи на прашањето каков формат на примирје, предложен од Белорусија или Кина, Кремљ смета дека е посоодветен.

Песков денеска најави дека Москва ќе разговара со претседателот на Белорусија за неговиот повик за итен прекин на огнот во Украина, но и дека примирјето во овој момент нема да дозволи постигнување на целите на „специјалната воена операција“, пренесува ТАСС.

Слични содржини