Кремљ реагираше на изјавата на Вучиќ дека можеби ќе мора да воведе санкции кон Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Русија целосно го разбира притисокот што Западот го врши врз Белград и напорите што Србија ги прави за да го издржи тој притисок, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Совршено го разбираме невидениот притисок на кој е изложено српското раководство од Западот и сосема ни е јасно по која цена и со какви напори српското раководство го издржа тој притисок досега“, рече Песков.

Според „Спутник“, тој одговорил на прашањето „како Кремљ ја сфатил изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека не знае колку ќе издржат српските власти без да воведат санкции кон Русија, но дека ќе се обидат да издржат што е можно подолго“.

Песков додаде дека Кремљ високо го цени односот на српското раководство и дека Русија високо ги цени односите со Србија и се надева дека тие ќе се развиваат на нагорна траекторија.

Слични содржини