Кривична пријава за 19-годишно момче, расчистени 10 кражби

од Radmila Tasevska

Кривична пријава си доби 19-годишно момче кое во период од април до декември 2022 година извршило 10 кражби.

– Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Радовиш поднесе кривична пријава против М.Ј.(19) од Штип, со престој во Радовиш, поради постоење на сомнение дека во периодот од април до декември 2022 година на подрачјето на Радовиш извршил осум кривични дела „тешка кражба“ и две кривични дела „кражба“, информираат од МВР.

Како што соопшти МВР, при службен разговор со пријавениот во Одделението за внатрешни работи Радовиш, тој ги признал делата. Притоа, едно од кривичните дела „тешка кражба“ го сторил заедно со С.Р.(21) од Штип, со престој во Радовиш, со кој, исто така, бил извршен разговор во полициска станица. Инаку, пет од делата ги сторил во викенд куќи на планина Плачковица, а останатите на други локации во Радовиш и околните населени места.

Слични содржини