Кривична пријава против прилепчанец за фалсификувана словачка возачка дозвола

од Radmila Tasevska

Против прилепчанец е поднесена кривична пријава затоа што набавил фалсификувана словачка возачка дозвола на негово име, соопшти Министерството за внатрешни работи.

-Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против З.А.(44) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Пријавениот набавил фалсификувана словачка возачка дозвола на негово име и ја дал на увид при пасошка контрола на Граничен премин Табановце, каде што од полициски службеници било констатирано дека е фалсификат, посочуваат од МВР.

Слични содржини