Кривична пријава за кражба во струмичко, парите вратени на оштетената

од Берта Китинска

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против З.Г.(44) од с.Старо Коњарево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, соопштија од МВР.

На 29.03.2021 пријавената отишла во куќата на Л.А. во с.Старо Коњарево и му одзела чанта со пари во различни валути. На 07.04.2021, полициски службеници ги пронашле парите кои потекнуваат од кражбата, закопани во дворното место од куќата на З.Г., кои по овластување на Јавен обвинител биле вратени на оштетениот.

Слични содржини