Крвав пакет испратен до Украинската амбасада во Грција

од Radmila Tasevska

Крвав пакет испратен до Украинската амбасада во Грција од непознати испраќачи.

Пликото е испратено од истата адреса наведена на пакетите што украинските дипломатски мисии претходно ги добија, пренесе агенцијата „ТАСС“.

Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба изјави дека сомнителни пакети биле испратени до украинските амбасади во Италија, Полска, Португалија, Романија и други земји.

На крајот на ноември, почетокот на декември, шпанската полиција и влада објавија дека вработен во украинската амбасада во Мадрид бил повреден кога отворил писмо-бомба, а исто така биле испратени пакети со животински очи до некои украински амбасади.

 

Слични содржини