Кулеба: Украина во првиот бран ќе добие меѓу 120 и 140 западни тенкови

од Stefanija Kuzmanovska

Министерот за надворешни работи на Украина, Димитро Кулеба, денеска изјави дека Киев наскоро ќе добие меѓу 120 и 140 западни тенкови од коалицијата од 12 земји „во првиот бран“.

„Работиме во две насоки: сакаме да вклучиме нови земји во коалицијата што не снабдува со тенкови и во исто време бараме повеќе тенкови од земјите кои веќе ни помогнаа“, рече Кулеба на онлајн конференција, пренесува „Ројтерс“.

Овој месец Киев обезбеди помош од Западот во форма на борбени тенкови кои треба да му помогнат во планираната контраофанзива на југот и на истокот на земјата.

Слични содржини