Кумановец со „голф“ удрил пешак (26) на „Цветан Димов“

од Vladimir Zorba

На 16.12.2023 во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Цветан Димов“, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(35) од село Лопате, кумановско, удрило во пешакот С.О.(26) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот С.О., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Слични содржини