Курти подготвува тужба за геноцид против Србија

од Stefanija Kuzmanovska

Премиерот на Косово, Албин Курти, денес објави дека ќе подготви тужба за геноцид против Србија пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Тој го рече тоа за време на презентацијата на неговата програма до 2025 година, пренесува приштинска „Газета Експрес“.

– Ќе подготвиме тужба за геноцид против Србија пред Меѓународниот суд на правдата – рече Курти.

Тој додаде дека ќе спроведе „принципиелен дијалог“ со Белград, заедно со договорите за меѓусебно признавање и додаде дека овие приоритети ќе бидат спроведени во рамките на буџетските ограничувања.

Слични содржини