Курти реагираше на изјава на Брнабиќ: „Мојата земја се вика Косово, а не Косово и Метохија“

од Stefanija Kuzmanovska

Косовскиот премиер Албин Курти денеска реагираше на изјава на српската премиерка Ана Брнабиќ на Инвестицискиот самит за Западен Балкан, наведувајќи дека „неговата земја се вика Косово, а не Косово и Метохија“, пренесува Reporteri.net.

„Србија се менува, а кога велам централна Србија, втор пат го користам овој термин, мислам дека Србија не ја вклучува статистиката за АП Косово и Метохија, која секако ја гледаме како дел од Србија. Тоа е политика, а сега зборуваме за економија“, изјави Брнабиќ на самитот во Лондон.

Курти реагираше на таа изјава на Брнабиќ и додаде дека неговата земја се вика „Република Косово“.

„Наш клучен партнер е Европската Унија и сакаме да ја зајакнеме таа соработка. Три соседни земји нè признаваат, но Србија сè уште не. Ние немаме ништо со Руската Федерација, сакаме Украина да победи во оваа војна што е можно поскоро“, наведе Курти на самитот.

Слични содржини