Курц ја кажа својата прогноза за тоа кога ќе заврши пандемјата

од Берта Китинска

Австрискиот канцелар Себастијан Курц процени дека ковид 19 ќе остане меѓу луѓето уште неколку години .

– Овој вирус ќе остане. Тој ќе биде меѓу нас за една година, за три или дури пет години – изјави Курц за „ТВ Сервус“.

Тој нагласи дека „3G правилата“ за уживање во слободите за движење  ќе продолжат да се применуваат низ цела Австрија, а тоа се или потврда за вакцинација, потврда за ПЦР тест  или потврда за прележан ковид.

– Локално, доколку е потребно, можно е дополнително да се придонесе со воведување на обврска за носење маски – објасни тој.

Слични содржини