Кузеска: Нотарските изјави на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се неважечки и незаконски (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Нотарски заведените изјави на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се класична фарса и манипулација на Христијан Мицкоски со членството на партијата, затоа што, според правниците, во нив има низа правни недостатоци, што би значело дека тие се неважечки, незаконски и противуставни, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Тоа, како што нагласи, ја покажува очајната манипулација „исто како и со маиците кои ги носеа и на кои пишува НЕ, а ги повикуваа граѓаните на протест и го делеа народот, но во Собранието не се изјаснија ниту ЗА, ниту НЕ“.

Но, тоа е ВМРО-ДПМНЕ, рече Кузеска, Груевски со меници, Мицкоски со лажни нотарски изјави.

„Собранието донесе државничка одлука со која реализираме уште една стратешка цел – преговори за членство во ЕУ како Македонци со чиста формулација на македонскиот јазик и со билатерални прашања надвор од процесот на преговори“, рече портпаролката.

На прес-конференцијата Кузеска рече дека веќе во вторник земјава го започнува дијалогот со ЕУ и ќе ја има првата меѓувладина конференција во Брисел.

Слични содржини