Кузеска: После Талир 2 Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните и да ги вратат парите

од Берта Китинска

Пресудата во случајот Талир 2 е победа на правдата врз најголемите корупциски скандали во државата и потврда за епските размери на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.Исправена е уште една неправда нанесена врз грбот на граѓаните, вели портпаролка на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа вели судот со судска пресуда наложи заплена на луксузното седиште на ВМРО-ДПМНЕ и докажа дека Белиот дворец е стекнат на незаконски, криминален начин, со пари украдени од граѓаните.

-Не само Белиот дворец, запленет е и друг криминално стекнат имот на ВМРО-ДПМНЕ низ 30 тина градови во земјава.Криминалната шема на ВМРО-ДПМНЕ е грабај од граѓаните и трупај за себе, за партијата. И така 11 години.Додека граѓаните во тој период тешко живееја, ВМРО-ДПМНЕ си ја опремувало Белата плата со прескапи луксузи, со плочки од 100.000 евра, паркет од 76.000 евра, вазна од 180.000 евра.ВМРО-ДПМНЕ никогаш не се водела од интересот на граѓаните и се што правела правела само за партијата. Така е до денеска. Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата криминална партија, појаснува Кузеска.

Таа потенцира дека парите и имотот треба да се вратат кај оние од коишто се земени, а тоа е се граѓаните.

-Ова е правично и праведно, затоа што тоа се пари кои биле украдени од граѓаните.Ова е потврда за криминалот и корупцијата, дрското кршење на законите, за обидот на ВМРО-ДПМНЕ да се стави над сѐ, над Уставот, државата и граѓаните.Наместо да се измислиуваат оправдувања и вината да ја бараат на друго место, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да излезат пред граѓаните и да се извинат, појаснува Кузеска.

Слични содржини