Кузеска: Со црни пари ВМРО ДПМНЕ финансира медиуми кои шират лажни вести и креаира црна кампања

од Берта Китинска

Праксата на корумпирање на медиумите беше одлика на 11 годишното режимско владеење на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и неговиот советник Христијан Мицкоски.Но, таа одлика и како опозиција ја продолжува сега извршителот Мицкоски во спрега со неговиот шеф од Будимпешта, изјави денеска портпаролка на СДСМ Богданка Кузеска.

Последното новинарско истражување на словенечки медиум, откри дека сума од два и пол милиони евра од Унгарија завршиле во медиуми познати по ширењето на лажни вести и конструкции.Тоа се истите медиуми кои шефот на Мицкоски, Груевски со години ги финансираше со државни пари. Со црни пари Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ финансираат медиуми коишто се контра успехот на државата и против интересите на граѓаните.

Медиумите под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, продолжуваат да го штитат криминалот на Никола Груевски, азилантот кој се крие од правдата во Будимпешта, центарот од кадешто излегуваат црните пари за самопрогласените опозициски медиуми, односно ширачи на лаги и дезинформации.

ВМРО-ДПМНЕ спроведува црна медиумска кампања против државата, со цел да се врати на власт и да го амнестира Никола Груевски и сите други партиски криминалци.

Сега е јасно како Центарот за лаги и манипулации на опозицијата, продуцира толку лажни случаи против Владата, ги пласира во медиумите под нивна контрола, а потоа ги прераскажува од белиот дворец.Ним очигледно им помагаат надворешни анти- државни фактори, коишто со корумпирање на медиумите, ја загрозуваат демократијата и европската иднина на државата.

СДСМ е посветена на унапредување на слободата на говорот и слободата на медиумите, но, истовремено и на борба против лажните вести и измислици и сомнителното финансирање медиуми.Затоа, бараме надлежните институции по допрен глас да постапат по објавените информации и да го испитаат начинот на финансирање на одредени медиуми.Република Северна Македонија е правна држава во којашто законите важат за сите подеднакво, Кузеска.

Слични содржини