Кузеска за вчерашниот митинг: Од каде се 300.000 евра на ВМРО-ДПМНЕ со блокирана сметка?

од Vladimir Zorba

„Целата јавност вчера сведочеше на дебакл од страна на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Скапо чини дебаклот на ВМРО-ДПМНЕ и пропаднатиот митинг со слаб одѕив и лоша организација“, вели денеска на прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„На митингот имаше присутни околу 15.000 членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата сигурно планирала повеќе и ангажирала превоз и останати потреби за околу 20.000 членови. Превоз за 20.000 членови чини над 200.000 евра. 400 автобуси по околу 400 евра, за комбиња уште 10.000 евра.

За бина, озвучување, светло и струја уште 20.000 евра. За вода, сендвичи околу 30.000 евра, трошоци за брза помош, пожарна околу 10.000 евра. Лесно се доаѓа до вкупна сума од 300.000 евра. 300.000 евра во време на криза за пропаднат митинг, слаб протест за задоволување на егото на Христијан Мицкоски.

„Сите знаат дека сметката на ВМРО-ДПМНЕ е блокирана, а имотот е замрзнат, пред конфискација. Од каде се 300.000 евра на ВМРО-ДПМНЕ со блокирана сметка и замрзнат имот?“, прашува Кузеска.

Слични содржини