Лавров бара од соседите на Авганистан да не прифаќаат американски и НАТО војници

од Берта Китинска

Рускиот министер за надворешни работи во средата им порача на соседите на Авганистан да одбијат да им пружат гостопримство на воените сили на САД или НАТО по нивното повлекување од Авганистан.

Кремљ е загрижен поради ризикот исламските милитанти да се преселат во Централна Азија од Авганистан и мисли дека Западот може да се најде во регион кој бил дел од поранешниот Советски Сојуз.

– Ги повикуваме авганистанските соседни земји да не дозволат воено присуство на американски или НАТО сили кои планираат да се преселат таму откако ќе ја напуштат авганистанската територија – изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи ги даде тие коментари во говорот емитуван преку видео врска на конференцијата во Техеран за Авганистан на која присуствуваа Кина, Иран, Пакистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан.

Лавров рече дека е важно да се спречи и контролира приливот на мигранти од Авганистан и дека криминалните и терористичките елементи веќе се обидуваат да влезат во соседните земји на Авганистан претставувајќи се како бегалци.

Москва го смета поранешниот советски регион за свој јужен одбранбен појас, но во јуни претседателот Владимир Путин му понуди на Вашингтон да ги користи руските воени бази во Централна Азија, според извори на Комерсант, пренесе Ројтерс.

Слични содржини