Лажен говор на Путин емитуван на руско радио: „Евакуирајте се, Украинците нè напаѓаат“ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Во регионите Ростов, Белгород и Воронеж во Русија, локалното радио емитуваше лажно обраќање на рускиот претседател Владимир Путин во кое ги повикува Русите да се евакуираат во внатрешноста на земјата поради нападот на украинската армија и најави општа мобилизација. Локалните власти и Кремљ објавија дека се работи за лажно обраќање.

„Воведена е воена состојба“

„Руси, сограѓани, браќа и сестри. Денеска во четири часот украински војници, вооружени од НАТО блокот, со договор и со поддршка на Вашингтон, извршија инвазија на подрачјето на регионите Курск, Белгород и Брјанск. Нашите граничари а вооружените сили храбро возвратиле на супериорните сили на агресорите.

По моја наредба беше воведена воена состојба во регионите Курск, Белгород и Брјанск. Денеска ќе потпишам наредба за општа мобилизација, мора да ги обединиме сите сили на Руската Федерација за да победиме опасен и лукав непријател“, беше пренесено на радиото.

Песков: Радиото е хакирано

Беше емитуван и тон во кој жителите на регионите Курск, Белгород и Брјанск се поканети да се евакуираат подлабоко во земјата.

Портпаролот на Путин, Димитриј Песков, изјави дека обраќањето било лажно и дека радио станицата е хакирана. Тој наведе и дека е вратена контролата врз емитувањето.

Надлежните во регионите сметаат дека целта на лажното обраќање било да се шири паника.

Слични содржини