Легендата Буфон се откажува од фудбалот

од Vladimir Zorba

Најдобриот голман на планетата за 2017 година – Џанлуиџи Буфон, ќе запре со играње фудбал по крајот на сезоната, пишува „Кориере дела Сера“.

Капитенот на италијанскиот шампион Јувентус донел конечна одлука за неговата иднина. Четириесет-годишниот голман има намера да ја објави одлуката што е можно побрзо за да добие подобро испраќање од две други легенди – Франческо Тоти и особено Алесандро Дел Пјеро.

Весникот, исто така, забележува дека на Буфон не му се допаѓа повикот од привремениот тренер на Италија, Луиџи Ди Бјаџо. Тој сака голманот да брани против Аргентина и Англија, бидејќи тој заслужува подобар крај со националниот дрес, од отпаѓањето од Шведска во баражот за пласман на СП.

Буфон, сепак, сака да им даде шанса на младите и се очекува да не одговори на поканата. Проверките со „гаучосите“ и „трите лава“ се закажани за 23-ти и 27-ми март, а Буфон треба официјално да го објави крајот на својата гламурозна кариера.

Неодамна, капитенот на Јуве откри дека одлучил за својата иднина и е многу задоволен од изборот. „Ќе објавам, кога ќе дојде време“, рече Џиџи. Тој се уште може да ја заврши сезоната со требл, бидејќи „бјанконерите“ се во битка за четврти последователен дубл во Италија и се наоѓаат во 1/4-финалето во Лигата на шампионите.

Токму ЛШ е големиот сон за Џиџи, кој изгуби три финалиња (од Милан во 2003, 1:3 од Барселона во 2015 и 1:4 од Реал Мадрид во 2017 година).

Слични содржини