Лекар откри кој план на исхрана ќе ви помогне да го победите мамурлакот

од Stefanija Kuzmanovska

Ако претерувате со алкохол, мамурлакот е неизбежен. Гадењето и главоболките ќе го обележат утрото, па дури и целиот ден по лудата ноќ, но за среќа, постои план за исхрана кој може да ви помогне брзо да се ослободите од непријатните симптоми. Д-р Стефани Ои од Клиниката за здравствена заштита во Фулам вели дека главоболките и вознемиреноста во стомакот најдобро се лекуваат со правилен избор на пијалоци и храна.

„Најлесен начин да се избегне мамурлак е очигледен – да се избегне алкохол. Но, ако ве понесе атмосферата, постојат работи што можете да ги направите следниот ден и да ја направите ситуацијата поподнослива“, рече др. Ои.

Веќе додека пиете, започнете да спречувате мамурлак со пиење чаша вода помеѓу два алкохолни пијалоци. Посегнете по голема чаша вода пред спиење затоа што алкохолот го дехидрира организмот и важно е да ја надокнадите секоја изгубена течност.

„Оставете чаша вода покрај креветот да ја имате при рака секогаш кога ќе се разбудите навечер или наутро“, предупреди таа.

Не посегнувајте по кафе наутро.

„Не ви треба кофеин во овие моменти. Пијте чај од ѓумбир за да го смирите стомакот или изотоничен пијалок за да ги надоместите изгубените шеќери во вашето тело. Ако копнеете по јаглехидрати за време на појадок, тоа е добро, но сепак изберете комбинација на протеини и здрави мести. На пример, интегрален тост, јајца и авокадо“, советува др. Ои.

Ако не поднесувате јајца, можете да ги замените со мед. Исто така, не заборавајте да продолжите да пиете вода во текот на утринските часови.

До пладне би можеле повторно да бидете гладни, затоа јадете банана. Богата е со калиум. Исто така, оревите како и бадемите не се лоша идеја.

Според др. Ои, идеален ручек кога се борите со мамурлак е месо и зеленчук на скара со многу вода. Треба да бидете подобри до вечер, но сепак посегнете по масна риба богата со омега-3 киселини, како што е лососот.

„Покрај тоа, јадете зелен зеленчук и киноа и сигурно ќе се чувствувате многу подобро“, заклучи таа.

Слични содржини