Ленин Јовановски ги испрати протераните руски дипломати

од Nikola Popovski

Еден од коосновачите на мото-клубот „Ноќни волци“ Ленин Јовановски објави дека заедно со неколку членови на клубот ги испратил протераните руски дипломати од земјава.

-Овие руски дипломати и нивните семејства се NON GRATA за македонските власти, а за нас секогаш ќе бидат добри луѓе и наши пријатели без разлика на околностите. Безбедно ги спроведовме до македонско-српската граница, им посакавме добар пат, здравје, успех, среќа и да се видиме повторно во некој подобри времиња, истакнал Јовановски.

Руската амбасада во Македонија им се заблагодари, на како што велат, „нашите пријатели за помошта при испраќањето и безбедното спроведување на нашите колеги, кои на 15 април неоправдано беа прогласени за персона нон грата“.

-Многу ја цениме поддршката на народот на земјава, објавија од амбасадата.

-Врз основа на информациите добиени од надлежните органи, посочените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена, стоеше во соопштението на македонското МНР при последното протерување на руски дипломати.

Слични содржини