Лео Меси нема да игра за Аргентина на претстојните два натпревари

од Симе Стоиков

Мартовскиот репрезентативен термин ќе го користи и селекцијата на Аргентина, но „гаучосите“ ќе одиграат два натпревари без својот најдобар играч Лионел Меси.

Додека најдобрите европски репрезентации се подготвуваат за Европското првенство, јужноамериканците се подготвуваат за Копа Америка и во март ќе одиграат пријателски натпревари.

На 21 март Аргентина ќе игра против Ел Салвадор во Филаделфија, додека пет дена подоцна во Лос Анџелес за противник ќе ја има Костарика.

„Гаучосите“ се подготвуваат за Копа Америка која ќе се игра во јуни и јули 2024 година, но овие два натпревари ќе мора да ги одиграат без Лионел Меси.

Како што објави МЛС, Лео Меси ќе ги пропушти овие два натпревари поради повреда на мускулот, но аргентинските медиуми пренесуваат дека во оваа земја настанала паника откако се дознало дека нема да игра.

Во неделата МЛС го објави списокот со играчи кои се повикани во своите репрезентации, а на него го нема Меси. Сепак, аргентинскиот фудбалски сојуз не излезе со соопштение на оваа тема.

Но, се се разјасни многу брзо и Лео Меси треба да биде со својата репрезентација на патот кон освојување на нов трофеј во јуни.

Поради мала повреда на тетивата на десната нога, Меси не настапи минатата среда на натпреварот од Купот на шампионите (Лига на шампиони во областа КОНКАКАФ), кој Интер Мајами го доби со 3:1 против Нешвил.

Слични содржини