Левица: Наставник по Aлбански јазик е новиот заменик-министер за земјоделство

од Nikola Popovski

Партијата Левица информира дека новото планирано кадровско решение за ресорот земјоделство во реконструираната Влада донесе непријатно изненадување за сите земјоделци.

Според партијата, за нов заменик-министер за земјоделство е предложена Вјолца Бериша од Алијанса на Албанците, која по професија е професор по Албански јазик и литература и предавач по поезија и проза.

-Иако премиерот Ковачевски, бранејќи го влегувањето во владата на Алијанса за Албанците и новите кадри од таа партија, изјави дека донесените одлуки за реконструкција на владиниот кабинет не биле мотивирани од тесно партиски интереси, реалноста е дека крајно нестручен кадар е поставен за заменик министерот во едно од најзначајните министерства.

Во услови кога егзистенцијата на земјоделците е загрозена и потребна е сеопфатна национална стратегија, ваквите некомпетентни кадри потврдуваат дека и старо-новиот владин состав нема капацитет да ги надмине предизвиците од економската и енергетската криза, велат од партијата на Димитар Апасиев.

Слични содржини