Лидерите на Г7 се обединија по прашањето за Кина

од Stefanija Kuzmanovska

Националниот советник на Белата куќа, Џејк Саливан изјави дека лидерите на Г7 се обединиле во намерата да се спротивстават и да се натпреваруваат со Кина за прашања поврзани со зачувување на демократијата, па сè до технолошката трка.

Кога станува збор за Кина, состанокот на Г7 беше „значаен чекор напред од претходните години“, додаде советникот, пренесува „Ројтерс“.

„Ова покажува дека има значително приближување на ставовите (за Кина), што не беше случај пред неколку години“, рече Саливан во неделата додека патуваше со претседателскиот авион „Air Force One“ за Брисел, каде моментално се наоѓа американскиот претседател Џо Бајден.

Бајден денеска ќе присуствува на самитот на НАТО во белгиската престолнина.

Слични содржини