Лидерите на партиите утре на средба кај Пендаровски за одложување на изборите

од Aleksandar Todeski

Откако лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски на прес конференции побараа лидерска средба за одложување на изборите, претседателот Стево Пендаровски на Фејсбук објави дека средбата е закажана и ќе се одржи утре во 12 часот.

Фото: Борче Поповски

„Утре во Вила Водно ќе бидам домаќин на средба на лидерите на парламентарните политички партии во земјава, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, Беса, Алтернатива и Алијанса за Албанците. Лидерската средба ја свикав со една точка на дневниот ред – можност за одложување на парламентарните избори закажани на 12 април 2020, датум кој беше договорен од страна на лидерите на партиите на средбата која ја организирав во октомври 2019 година по Европскиот совет“, напиша Пендаровски.

На средбата освен лидерите на партиите, присутни ќе бидат и претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Оливер Спасовски.

Слични содржини