Лидерот на Хонг Конг позитивен на корона по средба со кинескиот претседател

од Stefanija Kuzmanovska

Лидерот на Хонг Конг, Џон Ли, беше позитивен на коронавирусот по четиридневното учество на Азиско-пацифичкиот економски форум (АПЕК) во Тајланд, за време на кој се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг, соопшти денеска владата на Хонг Конг.

Ли беше позитивен на коронавирусот по неговото враќање во Хонг Конг, по состанокот зад затворени врати со Си на кој тие не носеа маски.

За време на изолацијата ќе работи од дома, а состаноци ќе одржува преку видео врска, пренесува „Ројтерс“.

Останатите функционери од Хонг Конг, кои беа со него на Форумот во Тајланд, беа негативни на тестот за коронавирус, се вели во соопштението на владата.

Слични содржини