ЛИСТА: Пет македонски градови имаат по едноцифрен број активни носители на коронавирусот

од Берта Китинска

Во последните 24 часа се направени 1618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 во земјава.

Министерство за здравство информира дека починати се пет лица, пациент од Тетово (53г), од Гостивар (60г), од Прилеп (57г), од Струга (60г) и еден пациент од Битола (60г). Вкупната бројка на починати е 705.

Во овие градиови има едноцифрен број на активни носители на вирусот:

Валандово 17, активни 8

Пехчево 42, активни 9

Кратово 24, активни 3

Демир Хисар 61, активни 2

Крушево 20, активни 3

Комисијата за заразни болести размислуваат за воведување на задолжително носење заштитна маска на отворено, повторно ограничување на бројот на места за седење во угостителски објект и намалување на капацитетот на јавниот превоз.

„Летото е зад нас, а со тоа и стабилниот период завршува. Ризикот кој го носи есента е сериозен аларм дека мора и натаму да делуваме за да го заштитиме здравствениот систем“, рече министерот за здравст во Венко Филипче.

За овие мерки се размислува откако бројките со коронавирусот почнаа да растат во септември, за што Филипче, рече дека состојбата се влошува, најмногу поради непочитување на мерките кои се во моментов на сила.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16867, бројката на оздравени пациенти е 14084, на починати е 705, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2078.

Слични содржини