Лице заврши во болница после судар меѓу тротинет и велосипед

од Nikola Popovski

МВР информира дека вчера дошло до судар помеѓу електричен тротинет и велосипед во Скопје.

-Во попладневните часови во СВР Скопје било пријавено дека на велосипедска патека на бул.„Партизански одреди“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу тротинет управуван од Г.Ј.(46) од Скопје и велосипедист Н.Б.(20) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Г.Ј., констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, соопштија од МВР.

Слични содржини