Ливерпул вади 50 милиони за играч, што го продаде за 1,3 милиони

од Vlatko K

Раководството на Ливерпул веќе планира да привлече нови играчи во текот на летото.

На „Енфилд“ сакаат да ја зајакнат уште конкуренцијата во нападот и се подготвени да испратат понуда за својот
поранешен играч Сусо.

Шпанецот помина три години во Ливерпул, а во 2015 договорот му беше прекинат.

Тогаш тој се договори со италијански Милан, но поради фактот дека договорот му беше прекинат претходно,
„росонерите“ платија 1,3 милиони евра.

Сега тимот од Мерсисјад е подготвен да понуда 50 милиони за нивниот поранешен фудбалер.

Во оваа сезона шпанскиот крилен фудбалер игра одично, откако постигна четири гола и осум асистенции во 15 натпревари во Италија.

„Калчо Меркато“ информира дека ова довело до интересот од страна на шефовите на Ливерпул и се очекува развој на приказната во текот на летото на 2019 година.

Слични содржини