Љутков во пресрет на протестот на СКРМ: Апелирам до синдикатите да разговараме и да најдеме решение

Во повикот од Синдикатот на културните работници за утрешниот протест стои дека ова не е само социјална борба за вработените во културатa, туку и поширока битка за зачувување на достоинството, слободата и правото на изразување

од Vladimir Zorba
84 прегледи Фото: Локално

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков изјави дека не може ништо да направи околу колективниот договор за вработените во култрата, кој беше укинат од Уставниот суд.

Синдикатот на кулурните работници во Македонија (СКРМ) за утре најави протест пред Уставниот суд под мотото „Кога гасите уметници-го гасите светлото“, а пред десетина дена одржаа протест и пред Министерството за култура. Тие тогаш јавно прашаа како Уставниот суд не нашол ништо спорно во колективниот договор пред пет години, а сега нашол дека не е во согласност со законот за култура, во услови кога и законот и договорот се непроменети.

Синдикатот на културните работници на минатиот протест за еден од виновниците за укинување на колективниот договор го посочија и министерот за култура, кој според нив може да ги повика да направат нов колективен договор.

-Јас не можам да преземам ништо во тој дел, тоа е право на синдикатот да протестира. Како што реков и минатиот пат, протестот секако не требаше да биде оддржан пред Министерството за култура, туку пред Уставниот суд кој донесе одлука за преиспитување на колетивниот договор, изјави министерот Љутков во одговор на прашање на „Локално“.

Во повикот од Синдикатот на културните работници за утрешниот протест стои дека ова не е само социјална борба за вработените во културата, туку и поширока битка за зачувување на достоинството, слободата и правото на изразување.

-Јас пред и да се случи првиот протест, апелирам до синдикатите дека треба да седнеме и да разговараме и да најдеме заедничко решение пред што и да се случи. Ние почнавме ден пред протсетот, го имавме првиот состанок, и продолжуваме понатаму со поинтензивни состаноци за да најдеме правилно решение, изјави Љутков.

Е.Б.