ЛНР: Околу 100 украински војници хоспитализирани поради смрзнатини

од Stefanija Kuzmanovska

Околу 100 украински војници од Донбас се хоспитализирани во последните денови поради смрзнатини, а 40 од нив со тешки смрзнатини биле подложени на ампутација на екстремитетите, изјави денеска офицерот на Народната милиција на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР) Андреј Марочко.

Марочко изјави за ТАСС дека околу 100 војници со различен степен на смрзнатини биле префрлени во украинските медицински установи од зоната за специјални воени операции во последните денови.

Околу 40 хоспитализирани украински војници со тешки смрзнатини морале да бидат подложени на ампутација на екстремитетите, а повеќето од хоспитализираните биле многу пијани, тврди Марочко.

Слични содржини