ЛНР: Украина донесе одлука за етапно повлекување од Северск

од Stefanija Kuzmanovska

Офицерот на Народната милиција на самопрогласената Луганска народна република (ЛНР), Андреј Марочко, тврди дека Киев одлучил постепено да ги повлече своите единици од Северск, во областа Доњецк, во источна Украина.

„Украинската команда донесе одлука за етапно повлекување на нејзините единици од населбата Северск. Според наредбата, позициите треба да се напуштат тајно и да се повлечат во мали групи“, напиша Марочко на Телеграм, пишува весникот „Известија“.

Претходно денеска првиот заменик-министер за информации на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР), Данил Бесонов, изјави дека во Северск се уште има точки на отпор на Вооружените сили на Украина, но дека силите на ДНР го чистат источниот дел на градот.

Слични содржини