Лондон ќе ја предводи коалицијата за снабдување на Украина со дронови

од Stefanija Kuzmanovska

Британските власти денеска објавија дека заедно со Летонија ќе предводат коалиција на земји одговорни за организирање на испорака на илјадници дронови во Украина, кои ѝ се неопходни на таа земја во борбата против руската инвазија.

За време на посетата на Киев во јануари, британскиот премиер Риши Сунак најави зголемување на британската помош, вклучително и 200 милиони фунти (230 милиони евра) за обезбедување на илјадници воени дронови за украинската армија.

Таа помош ќе резултира со коалиција предводена од Лондон, рече министерот за одбрана Грант Шапс пред состанокот во четвртокот со неговите колеги од НАТО во Брисел.

Во овој контекст, Велика Британија ќе организира производство на дронови „во голем обем и по пристапни цени“, најавија британските власти.

Целта е да се произведат FVP дронови кои се покажаа како многу ефикасни на теренот.

Тие се опремени со комплети за виртуелна реалност, така што нивните „пилоти“ можат во живо да гледаат вистински слики од теренот, како да се директно во леталото.

„Ќе ѝ ги дадеме на Украина потребните капацитети да се одбрани и да победи во оваа војна, за да се осигураме дека (рускиот претседател Владимир) Путин нема да успее во своите незаконски и варварски амбиции“, рече Шапс.

Слични содржини