Лоша вест за „Ѓаволите“: Јунајтед има проблем, напаѓачот ја завршува сезоната?!

Тежок удар за Манчестер Јунајтед на крајот од сезоната. Напаѓачот на „ѓаволите“ , Ентони Марсијал може да го пропушти остатокот од сезоната поради повреда на левото колено, изјави менаџерот Оле Гунар Солскјер. Марсијал се повреди минатата недела додека играше за репрезентацијата на Франција против Казахстан во квалификациите за СП 2022 во Катар.

– Да се ​​изгуби Антонио можеби до крајот на сезоната е многу разочарувачки. Особено по информацијата од Франција дека не е ништо сериозно, но изгледа лошо – изјави Солскјер.

Како што неодамна објавија француските медиуми, Марсијал се повредил поради лошото вештачко поле во Астана, што го загрижи францускиот тренер Дидие Дешамп пред натпреварот.

– Секогаш кога играчите ќе заминат со своите репрезентации, се надевате дека ќе се вратат подготвени во клубот – додаде Солсјер.

Слични содржини