Лукашенко: Белорусија и Русија не сакаат војна

од Milan1

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека сака не само како претседател на државата, туку и како претседател на Врховниот државен совет на Федералната држава да нагласи дека Белорусија и Русија не сакаат војна.

„Мислам дека раководството на Русија ќе ме разбере. Она што ќе го кажам веројатно ќе биде во согласност со нивниот став. Не сакаме војна. Не само што е лоша, тоа е страшна за сите луѓе, не само за војниците. Не дај боже да има војна, сите ќе бидат погодени од неа. Затоа не сакаме да војуваме. Друга причина е затоа што се сеќаваме како беше војната во нашата земја пред 70 години“, рече претседателот на Белорусија, пренесува Белта.

Потсетуваме дека Русија и Белорусија потпишаа договор за основање на Федералната држава на 8 декември 1999 година. До 20-годишнината од потпишувањето на овој документ беше формирана работна група за изработка на индустриски упатства.

 

Слични содржини