Лукашенко: Истрагата против Сапега ќе се води во Белорусија

од Stefanija Kuzmanovska

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека го известил својот руски колега Владимир Путин дека истрагата за Софија Сапега, приведената девојка на уапсениот белоруски опозициски блогер Роман Проташевич, ќе се води во Белорусија, објави белоруската државна новинска агенција „Белта“.

Сапега е руска државјанка, а беше задржана со своето момче Проташевич на 23 мај, откако нивниот лет од Атина до главниот град на Литванија Вилнус беше пренасочен и принуден да слета во Минск, потсетува „Ројтерс“.

„Истрагата за Проташевич и Сапега ќе се спроведе во Белорусија. Ова му го кажав на претседателот на Русија (за време на минатонеделниот состанок во Сочи)“, изјавил Лукашенко.

Слични содржини