Лукашенко ја положил претседателската заклетва во тајност

од Stefanija Kuzmanovska

Белорускиот претседател Александар Лукашенко положил заклетва за неговиот седми мандат, објавија денеска државните медиуми.

По повеќенеделните протести за спорните избори во август, сепак беше одржана инаугурацијата. Белоруските државни медиуми јавуваат дека тоа се случило на тајна церемонија.

Неколку стотици гости биле поканети на церемонијата, пренесува „Спутник“. Меѓу нив имало високи функционери, заменици на Претставничкиот дом и членови на Советот на Републиката, раководители на државни органи и организации, локални извршни и административни органи, републички медиуми, научници, културни и спортски личности.

Во согласност со Уставот на Република Белорусија, Претседателот стапува на должност по положувањето на заклетвата.

Ставајќи ја десната рака на Уставот, Александар Лукашенко положил заклетва на белоруски јазик. Потоа тој го потпишал актот за полагање заклетва, по што претседателката на Централната изборна комисија на Белорусија, Лидија Јермошина му врачи на Лукашенко сертификат за претседател на Република Белорусија.

 

Слични содржини