Лукашенко за тврдењата дека Белорусија е окупирана од Русија: Јас како врховен командант тоа не го забележав

од Milan1

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко ги отфрли тврдењата на опозицијата дека руски војници ја окупирале Белорусија доаѓајќи на заеднички вежби, нагласувајќи дека никогаш нема да дозволи да се случи такво нешто, пренесува агенцијата Белта.

„Никогаш не сум се спуштил на тоа ниво да се расправам со моите противници и ривали, но денеска, кога го добив извештајот, се изненадив кога прочитав дека „Белорусија е окупирана“. Јас како врховен командант тоа не го забележав. „Можеби не ме информиравте дека се случила „окупацијата на Белорусија“, иронично праша Лукашенко, обраќајќи му се на претседателот на Државниот граничен комитет на Белорусија, Анатолиј Лапо.

Белорусија може да одговори на заканите на претставниците на американскиот Стејт департмент што и беа испратени, рече Лукашенко.

 

Слични содржини