Конзумирањето на дарежливи количини лук ја прави телесната миризба на мажот многу атрактивна за жените. Garlic_3498236bОва го покажуваат низа нови истражувања на Карловиот универзитет во Прага, цитирани од американското издание “Хафингтон пост”. За време на експериментите група мажи била поделена на половина.

Секој од првата група јадел сендвич со сирење, со дополнителни 12 грама лук (ок. 6 чешниња) во него, додека другите мажи јаделе обичен сендвич со сирење.

На двете групи им било наложено да не се ограничи влијанието врз природниот мирис на телото, односно да се воздржат од употреба на дезодоранс или пушење. Сите мажи ставиле под пазувите памучни тампони кои ќе ја соберат потта и телесниот мирис за 12 часа.

Една недела подоцна групите се смениле и експериментот се повторил. Потоа двата пара памучни тампони, со ефектот од лукот и без него кај секој маж, биле се претставени на група жени кои ги мирисале и вреднувале.

Тампоните по консумацијата на сендвич со лук содржеле “повеќе атрактивен”, “пријатен” и “машки” мирис, според истражувањето. Телесната миризба во нив исто така е одредена од групата дами како “ненаметлива”.

12-те грама лук во сендвичите им ја  зголемил привлечноста на мажите од 2,9 на 3,1 на скала од 1 до 7. Иако разликата на прв поглед не е голема, таа е доволна, за да биде дефинирана како значајна од научниците. Според истражувачите, позитивните резултати може да се должат на антиоксидантните својства на лукот, за кои е познато дека го зголемуваат мирисот на телото.

Слични содржини