Мадона се пофали со неплатена казна од милион американски долари во Русија, руските судови демантраат

од Stefanija Kuzmanovska

Заедничката прес-служба на судовите во Санкт Петербург ги негираше тврдењата на пејачката Мадона, која изјави дека е казнета со еден милион долари за говор за поддршка на геј популацијата на концерт во Санкт Петербург пред осум години, и дека таа одбила да ја плати казната. Судовите во Санкт Петербург објавија дека Мадона не е ниту казнета.


„Владата ме казни со милион долари за поддршка на геј заедницата. Никогаш не ги платив“, се пофали Мадона на својот профил на Твитер.

Заедничката прес-служба на градските судови објави дека Окружниот суд во Москва дури и не ја казнил Мадона во 2012 година, по тужбата што ја поднеле активисти против неа.

Во средината на август 2012 година, активистите поднесоа тужби против пејачката за морална штета, како и организаторите на нејзиниот концерт во северната престолнина – Санкт Петербург, сметајќи дека биле навредени од нејзиниот настап на концертот за поддршка на сексуалните малцинства.

Секоја тужба предвидува казна од 37 милиони рубли.

Слични содржини