Мадуро: Венецуела е со Путин и Русија

од Milan1

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изрази поддршка за неговиот руски колега Владимир Путин во решавањето на украинската криза.

„Венецуела е со Путин и Русија. „Нашата земја поддржува храбри и праведни работи во светот“, рече Мадуро на владина седница, коментирајќи го руското признавање на сепаратистичките проруски региони во источна Украина.

Претседателот на Венецуела потсети дека неговиот претходник и ментор Хуго Чавез (1999-2013) ја поддржа Русија кога таа ги призна грузиските сепаратистички региони Јужна Осетија и Абхазија во 2008 година.

Мадуро оцени дека САД и НАТО сакаат со воени средства да ѝ стават крај на Русија.

Москва и Каракас особено се зближија во времето на покојниот претседател Чавез.

 

Слични содржини