Магливо по котлините, со температура до 13 степени

од Nikola Popovski

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. По одделни котлините претпладне ќе има појава на магла.

Минималната температура ќе биде во интервал од минус шест до нула степени, а максималната од три до 13 степени.

В петок претпладне ќе биде облачно и магловито, во текот на денот се очекува намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. По одделни котлините претпладне со појава на магла.

Минималната температура ќе се движи од минус шест до еден степен, а максималната од пет до 12 степени.

Во наредните денови ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со појава на магла. Минималната температура ќе биде ци интервал од минус четири до два степена, а максималната од три до 9 степени.

Слични содржини