Мајка му испраќала таблети бупренофин на синот во затвор преку брза пошта

од Stefanija Kuzmanovska
436 прегледи

СВР Штип поднесе кривична пријава против В.Т.(39) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Во октомври 2022 година, пријавениот со посредство на негов другар, набавил повеќе таблети бупренофин, по што ги ставал во прехрамбени продукти, а потоа неговата мајка преку брза пошта ги испраќала во Канзено-поправната установа Затвор Штип, каде што издржувал затворска казна.

Таблетите биле пронајдени при контрола на затворската полиција.

Слични содржини