Мајка ѝ сакала да ја направи ѕвезда: Што се случува денес со малата кралица на убавината?

од desk4

Еден Вуд е родена 2005 година, а поради тоа што била премногу убава, нејзината мајка одлучила дека мора од своето дете да направи мини-модел и кралица на убавината.

Девојчето учествувало на изборот за мали убавици познат во светот како „Toddlers and Tiaras“, речиси секоја година, соодветно на возрасната група. На ова натпреварување освојуваше многу титули, но постојано била под притисок од мајка си да биде уште подобра и поубава.

Инстаграм/OfficialEdenWood

Мајка ѝ Мики, за да ја зачува убавината на своето девојче, редовно ја носела на солариум, ја хранела со нискокалорична храна, ја облекувала во свечени фустани, ја шминкала и ѝ правела фризури, а потоа ја фотографирала.

Жирито на натпреварите секогаш било задоволно од Еден, но публиката не ги штедеше критиките кон мајка ѝ, која пак признава дека ѝ давала и енергетски пијалаци за да може да ги издржи ревиите.

Последиците од тоа биле главоболки и проблеми со варењето, но мајката не запрела тука. Таа била решена од ќерката да направи светски модел. Еден признала дека мајка ѝ често ја тепала, за да може да создаде отпор кон стресните ситуации.

Инстаграм/OfficialEdenWood

Ситуацијата кулминирала кога социјалните служби ѝ се заканиле на мајката дека ќе ѝ го одземат девојчето. На само 6-годишна возраст, Еден имала 300 титули. Тогаш решила дека веќе нема да се натпреварува.

Подоцна напишала книга, глумела во неколку филмови и дозволила според неа да се произведува кукла. Планира со мајка си да отвори бутик за детска облека. Таа има 14 години, но изгледа како да има најмалку 20, како последица на нездравиот живот, лошата храна и големите количини шминка.

Инстаграм/OfficialEdenWood

Слични содржини