Мајката на Маск го откажа ММА мечот на нејзиниот син против Закерберг

од Vladimir Zorba

Мајката на американскиот милијардер Елон Маск, Меј, го откажа најавениот ММА натпревар на нејзиниот син во мешани боречки вештини против основачот на Мета, Марк Закерберг.

„Борете се само со зборови. Во фотелји. На растојание од четири метри. Најсмешната личност победува“, напиша Меј Маск на Твитер.

Маск одговори на твитот на неговата мајка со смајли.

Слични содржини