Мајката на Роналдо: Никогаш не сум сакала да се врати во Манчестер

од desk4

Мајката на Кристијано Роналдо ги негираше гласините дека ја притискала португалската ѕвезда да се врати во Манчестер Јунајтед.

Марија Долорес Авеиро соопшти дека е многу среќна со трансферот на својот син во Јувентус и е сигурна дека CR7 ќе го трансформира италијанскиот шампион.

„Гласините дека сум сакала Кристијано да се врати во Манчестер се лаги. Ова едноставно не е точно. Многу сум среќна со неговиот избор. Вчера беше многу среќен ден за нас. Мојот син ќе го направи Јувентус уште поголем клуб. Ова е нов предизвик и нов живот. Тој уживаше во неговиот престој во Реал Мадрид, но му беше потребен нов предизвик“, рече Марија Долорес Авеиро.

Слични содржини