Македонија подготвува Закон за обелоденување на досиејата на тајните служби од 1945 до 1991

од Nikola Popovski

Владата на Република Северна Македонија подготвува нов Закон со кој ќе се овозможи да се обелоденат сите досиеја на тајните служби од 1945 до 1991 година, јавува БГНЕС.

Станува збор за одлука со која ќе се исполни заложбата од Протоколот потпишан меѓу министрите за надворешни работи на Бугарија и на Република Македонија, Теодора Генчовска и Бујар Османи.

Во него се наведува дека „сеопфатната правна рамка за целосно отворање на архивите на поранешните државни безбедносни служби од времето на комунизмот, вклучително и полицијата, цивилното и военото разузнавање и контраразузнавањето“, треба да биде готова во рок од една година.

Според сегашниот закон, архивските материјали се генерално достапни по 20 години од нивното создавање. Сепак, ова не важи за архивите поврзани со „разузнавањето и безбедноста“, кои се наменети да бидат достапни само 100 години по нивното создавање.

Сегашниот закон предвидува декласификација во рамките на процесот на лустрација за досиејата да можат лично да ги читаат набљудуваните или нивни блиски.

Информацијата дека се подготвува нов закон ја пренесе пратеникот Павле Трајанов.

„Според информациите со кои располагаме, веќе се подготвува нов закон со кој ќе им се овозможи на сите досиејата да бидат јавно достапни за сите заинтересирани“, рекол Трајанов, цитиран од БГНЕС.

Слични содржини