Македонка „растура“ на бугарскиот „The Voice“ (ВИДЕО)

од Elena Daskalova

Калина Велковска, која на македонската публика веќе ѝ е позната како Кали, успеа да ги фасцинира членовите на жирито на „Гласот на Бугарија“, шоу кое се снима под лиценца на „The Voice“.

Но, која е Кали?

Порасната со класичната музика во училниците на МБУЦ „Илија Николовси Луј“, детските хорови „Пиколо“ и „Развигорче“, воспитана во бендовски манир и партизанска алтернативна култура низ скопските гаражи, Кали од 2006 година активно плови низ немирните и нестабилни води на македонската авангарда, далеку од поп естрадата.

Во меѓувреме, на нејзината официјална фејсбук страница, се појави проект „Kaly’s Music Challenge“, во кој Калина со други изведувачи и музичари, прават преработки и изведби на познати хитови.

Кали со песната „This World“ успеа да ги освои членовите на жирито, а како ментор го избра Иван Лечев.

Слични содржини