Македонски концепт за убиството во Железара: „Воведување на посебна заштита на здравствените работници“

од Vladimir Zorba

Во врска со грозоморното убиство на матичниот лекар Ацо Трпковски, кој беше пронајден убиен во својот автомобил со девет убодни рани пред Поликлиниката во Железара партијата Македонски Концепт изрази длабоко сочувство до фамилијата и пријателите на покојниот и испратија апел до МВР и Обвинителството, да се превземат сите можни мерки за пронаоѓање на сторителот и истиот да биде најстрого казнет за делото кое го учинил.

„Дополнително, повикуваме да се превземат безбедносни мерки на сите приватни и државни Здравствени установи за заштита на здравствените работници низ земјата, каде случаите на навреди, напади и убиства врз нив станаа редовна појава, а тие имаат примарна дејност да ги лекуваат и спасуваат животите на своите сограѓани! Ова поведение е далеку од едно цивилизирано општество, какво што сакаме да бидеме.

Македонски Концепт го реафирмира својот предлог за законски измени со кои здравствените работници ќе добијат статус на „овластени лице во областа на здравството“, слично како тие во областа на безбедноста, со што напад врз некој од нив ќе се смета за напад врз државата и најостро ќе се казнува“, додаваат оттаму.

Слични содржини